Основното училиште „Св.Климент Охридски“ е избрано за учество во проектот „Зелени улилишта, почиста околина, поздрав живот“, кој се реализира од септември  2013 година во 16 основни училишта од Македонија и Албанија.

Како што информираат од училиштето, на крајот од проектот ОУ „ Св. Климент Охридски“ ќе добие финансиски грант кој ќе се употреби во рамките на темата на проектот.

Проектот е финансиран од канцеларијата на Европската унија во Република Македонија и канцеларијата на Европската унија во Република Албанија. Имплементатор на проектот во Македонија е Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.

OhridNews