Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид утре ќе ги одбележи патрониот празник и 100-годишнината од раѓањето на македонскиот книжевен деец Коста Солев Рацин.

Утре од 18 часот во Центарот за култура „Григор Пличев“ ќе биде отворена изложба, а во 18 часот и 30 минути ќе започне и свечената академија.
Училиштето „Кочо Рацин“ кое е лоцирано во населбата „Радојца Новичиќ“ е изградено во 1980 година и има подрачни паралелки и во селото Долно Лакочереј.

Оваа образовна институција во своето работење бележи бројни успеси на манифестации и натпревари, како во државни така и во меѓународни рамки.

Ohridnews