OУ „Григор Прличев“ е дел од проектот зелени училишта, со кој се опфатени само уште четири други училишта од Македонија. Ова училиште со поддршка на УСАИД веќе успешно реализираше повеќе проекти, а волонтери од ОУ “Григор Прличев“ активно се вклучија и во одбележување на Неделата на рециклирање што во моментов се реализира  на повеќе локации во Охрид.

Вклучувањето во еколошките активности на училиштето ќе му овозможат да се здобие со сертификат ISO 14000. Со тоа училиштето ќе ги исполнува строгите меѓународни стандарди кои ќе му овозможат побрз пристап до меѓународни фондови и проекти за подобрување на условите за работа и образование.

Ohridnews