На свеченост што ќе се одржи денеска О.У. „Григор Прличев“ ќе биде прогласено за германско партнерско училиште. На свеченоста, на која ќе присуствуваат претставници на германската амбасада во земјава и на поддржувачите на проектот, основците од „Григор Прличев“ ќе ги презентираат своите знаења и вештини, а свое обраќање ќе има и директорот на училиштето, Сашо Ставрески.
Споменатиот проект е продолжение на добрата соработка на О.У. „Григор Прличев“ со германските партнери, со чија поддршка во училиштетот факултативно функционира германска паралелка во прво одделение.