Деновиве интензивно се работи на промената на старата дограма во ОУ „Григор Прличев“. Активностите се изведуваат на старата зграда на училиштето каде дограмата е од 1953 година.


се реновира дограмата во “Г. Прличев“

Промената на дограмата се одвива во етапи, а согласно со динамиката на работите, прилагодени се и училишните смени. Заради безбедноста на учениците, вчера дел од училишниот двор во близина на местото каде се менуваа прозорците беше заграден со безбедносна лента.


обезбеден пристапот до училиштето

Јасминка Т. Момироска