Во ОУ „Григор Прличев“ денеска на пригоден начин беше одбележан 15-ти октомври-Светскиот ден на пешаците. Исто така беше промовиран и проектот „Зелени училишта“ во кој партиципира и ОУ„Григор Прличев“. За таа цел на учениците и останатите присутни им се делеа беџови и флаери, а сите ученици денеска на училиште дојдоа облечени во зелена облека.
Целта на одбележувањето на овој ден е да се промовира пешачењето како активност која го зајакнува и телото и духот, да се влијае на сообраќајната култура и свест, да се заштитат пешаците и да се намали загадувањето на околината преку користење на велосипеди наместо автомобили.
Во рамките на предвидените активности се одржа приредба во училишната сала а потоа учениците беа на мала прошетка.
Јасминка Т. Момироска