Екипата од Основното училиште „Григор Прличев“ триумфираше на општинскиот турнир во фудбал кој два дена се играше на теренот со вештачка трева на спортскиот комплекс „Билјанини Извори“.
Во финалето учениците од „Григор Прличев“ ги совладаа своите врсници од Основото училиште „Христо Узонов“ со 4-1.
Во малото финале по изведувањето на пеналите победи екипата од Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти откако мечот со тимот на О.У. „Св. Наум Охридски“ заврши без победник 3-3.
Петтото место на општинскиот турнир му припадна на екипата од О.У. „Св. Климент Охридски“, шестото на О.У. „Братство Единство, седмото на О.У. „Кочо Рацин“, а осмото на О.У. „Ванчо Николески“.
Мх.П.