Чествувањата ќе бидат заокружени со свечена приредба што ќе се одржи вечерва во Центарот за култура.
Традиционално по повод патрониот празник училиштето распиша литературно – ликовен конкурс. Првата награда на конкурсот за литературни дела ја освои Дамјана Видическа ученик во VII Б одделение, втората и припадна на Александра Гаврилоска – ученик во V Г одделение, додека третата награда ја освои Јулија Кироска ученик во VIII одделение во Рача, додека пофалница добива Исидора Јанева ученичка во VII Б одделение.
Прва награда за најубаво насликан портрет на Прличев освои Ема Ошавков ученичка во VII Д одделение, додека правата награда за скулптура и припадна на Мартина Целеска ученичка во VI Б одделение. Втората награда на ликовниот конкурс ја поделија седмоодделенките од Рача Јулија Кироска и Сара Јовческа, а третата Драган Мајсторовиќ VIII В одделение и Сања Ангеловска VII oдделение во Рача. Училиштето додели и повеќе награди и пофалници за литературни и ликовни творби на ученици до четврто одделение.