Со натпреварите од деветото коло денеска заврши есенскиот дел од училишната лига во мал фудбал. Системот на натпревари сакаше во последниот дуел од денешната програма да се сретнат двете првопласирани екипи кои во директниот дуел решаваа за лидерската позиција. Со минималната победа од 1-0 пролетниот дел од натпреварите од лидерската позиција ќе ги започне О.У.Григор Прличев. Актуелниот шампион училиштето Св.Наум Охридски од Пештани во завршниот дуел од опонентот беше послабо токму за тој еден гол.


На останатите средби кои исто така се одиграа денеска  О.У.Ванчо Николески го совлада О.У.Дебарца со 1-0, О.У.Христо Узунов го декласира со 6-1 О.У.Живко Чинго, а О.У.Братство Единство со 5-2 забеЛежа победа во дуелот со О.У. Св.Климет Охридски. Слободно во ова коло беше О.У.Кочо Рацин. По девете одиграни кола есенската титула со 21 бод ја освои О.У.Григор Прличев, Св.наум Охридски има 17, по 16 освоија училиштата   Братство Единство и Христо Узунов. Во вториот дел од табелата се О.У.Ванчо Николески и Кочо Рацин кои имаат по 10 бода, бод помалку има О.У. Св.Климент Охридски, а на дното со по три освоени бода се О.У. Дебарца и Живко Чинго.На листата на стрелците по девет гола постигнаа Горан Стојаноски од О.У.Кочо Рацин и Иво Трајчески од О.У.Св.Наум Охридски.


Голгетерот Трајчески смета дека една грешка го реши натпреварот но тој е голем оптимист дека неговото училиште во продолжение на лигата ќе ја одбрани титулата освоена мината сезона.

Училишната лига во мал фудбал и во втора сезона го оправда своето постоење, за организаторот, Сојузот за училишен спорт вистинска сатисфакција е дека ваквиот модел на лига системот ќе биде искористен и за разни лиги во одделни спортови кои наскоро ќе започната да функционираат на републичко ниво.


Гоце Тасески од Сојуз на училишен спорт вели: Од републичкиот сојуз констатираа дека програмата која ја применуваме е успешна и веќе во следниот период имаат во план да организираат натпревари во лига систем во повеќе спортови. Нам ни останува да размислиме на кој начин ќе учествуваме во овие натпревари. Треба да се прецизира дали Охрид ќе го претставува репрезентација на градот или шампионот во училишната лига, во која со натпревари повторно ќе се продолжи во март следната година.     

Подготви:
Ненад Цветанов