ОУ „Григор Прличев“ блеска во празнична магија. Благодарение на волшебното стапче на Советот на родители и оваа година традицијата продолжи.
Со уникатност Прличевци го добија најубавото и најслатко училиште, бидејќи децата заслужуваат да бидат среќни, радувајќи се во овие најслатки моменти!
Добредојдовте во Шеќерното училиште, каде што секој агол е претворен во дел од една Шеќерна приказна. Украси, бонбони, светилки, шарени детали и лижавчиња, чоколади, куќички од бисквити и голема елка од вкусни лампиони ја создаваат атмосферата на вистински празничен рај. Како од најубавите бајки, овој Дизниленд на училиште е исполнет со радост и креативност, а секој чекор што ќе го направите ве води во светот на фантазијата и насмевките, со мирис на шеќерна волна и цимет, а ранец полн со најубави желби, велат од училиштето.
Волшебната Шеќерна приказна, посочуваат, е свет каде успехот и среќата се најслатката награда.
Секој украс носи нова радост, секој момент носи нова надеж, порачуваат од училиштето.
OhridNews