Течат подготовките за чествување на ликот и делото на Прличев во ОУ „Григор Прличев“. По повод патрониот празник на училиштето на 6-ти февруари предвидени се повеќе активности.
Во 10 часот предвидено е положување на ловоров венец на бистата на Григор Прличев во училишниот двор, по што од 10:30 часот ќе следува Прличевата визита.
Пригодната свеченост ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ каде во 18:15 часот ќе биде поставена ликовна изложба и ќе бидат доделени наградите од ликовниот и литературен конкурс.
Свечената приредба почнува во 19 часот во рамки на која предвидено е обраќање од директорката Лилјана Ефтимовска, како и настап на ученици под менторство на своите наставници со изведба на музички и литературни точки,
OhridNews