Со низа содржини ОУ „Григор Прличев“ на 6-ти февруари ќе го одбележи патрониот празник. Програмата започнува во 9 часот со доделување награди од литературниот и ликовен конкурс, по што следи полагање ловоров венец на бистата на Григор Прличев во училишниот двор и Прличевата визита.
Во 19 часот во Центарот за култура ќе биде одржана свечената приредба на која обраќање ќе има директорката на училиштето, Лилјана Ефтимовска, а учениците под менторство на своите наставници ќе се претстават со литературно читање, хорска изведба и ритмички точки.
OhridNews