Со спортски натпревари во фудбал и ракомет во машка и женска конкуренција и дружење Основното училиште „Дебрца“ го одбележа патронатот 9 ноември.
Во фудбалскиот турнир победи машката екипа на горна „Дебрца“, додека во ракомет триумфираше женската екипа на долна „Дебрца.“ За победниците имаше медали, а за учесниците дипломи и благодарници.
Со одржувањето на турнирот продолжи традицијата која професорите по физичко образавание и култура ја негуваат долго време.
OhridNews