Со сечење на црвена лента синоќа беа свечено пуштени во употреба училишниот двор и новоизграденото игралиште во ОУ ” Братство и единство” во Лескајца.

Од училиштето изразија благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот Петрески што по изминати 45 години, е изградено спортско игралиште во рамки на ова основно школо. Градоначалникот Петрески возврати дека Локалната самоуправа има во план да инвестира во изградбата на уште неколку спортски игралишта во општина Охрид.


На новото игралиште беше изигран и првиот ревијален спортски натпревар.

OhridNews