Со судска одлука Основното училиште „Братство Единство“ било приморано да ги тргне стативите, а претходно и рефлекторите од спортското игралиште кое се наоѓаа во школскиот двор.


По две изгубени судски постапки со жител од околината на школото во Освновиот суд Охрид, О.У. „Братство Единство“ се пожалило и до Апелациониот суд во Битола, по што ја добива битката.

– На суд изгубивме два пати и решивме правдата да ја бараме на Апелација. Таму добивме и отпочнавме нова процедура за враќање на стативите, а подоцна и рефлекторите и го спасивме школото од плаќање на пенали. Греота е и жално е децата да играат на камења и да не им се дозволи да спортуваат кога веќе имаат желба. – рече директорот на училиштетo „Братство Единство“, Муарем Доко.


Во еден момент тужителот и тужениот склучиле договор да се остранат рефлекторите, а да останат стативите, но и тоа не вродило со плод.

– Школото односно зградата на О.У. „Братсво Единство“ е изградена 1968 година, а со работа почнало во 1970 година. Околу школото тогаш немало ниту една куќа, а дворот како и сега се користел за спортски натпревари и часови по Физички образование. Тужителот куќата ја има изградено 1974-та година, кога веќе школото функционирало бескпрекорно. Ние склучивме усмен договор да ги тргниме рефлекторите и да се спортува се додека има дневна светлина, но и за тоа тој ни поднесе тужба. – потенцираше директорот.


Школото во месец Април ќе почне нова постапка, со која би требало да се врати игралиштето во првобитната состојба по изградувањето и да им служи на децата и рекреативците кои за жал ги има во се помал број.

За што служат стативите на спортските терени !?

Ohridnews