Две жени во Лос Анџелес ја основале фирмата “Alibis and Paybacks”. Нудат алибија и освети од сите видови. Адриен Фергусон и Мишел Дјук често лепат постери за да осрамотат некој во неговото соседство или на работното место. Најчесто ги ангажираат излажаните сопруги или луѓе кои биле навредени од некого и кои сакаат да ја вратат навредата и да се одмаздат.


Исто така нудат и алибија за сите пригоди, вклучувајќи отсуство од работа или откажување на состанок. На оваа идеја дошле бидејќи семејството и пријателите често ги барале на помош кога сакале некого да наместат, па решиле од тоа да почнат да заработуваат. Една жена барала јавно да и го понижат сопругот, па тие налепиле плакати во кои го обвиниле дека место на децата парите ги троши на стриптизети.