Франсоа Монен е нов светски рекордер во отворање пивски шишиња, за помалку од 25 минути успеал да го отстрани чепот од 2000 шишиња. Овој француз кој има 31 година, бармен по професија, успеал да се впише во Гинисовата книга на рекорди, после победата на натпреварувањето кое на 24 август било одржано на плажа во британското летувалиште Брајтон.

Според француските медиуми, Морен за само 24 минути и 37 секунди отворил 2000 шишиња, и притоа се здобил со неколку посекотини. Претходниот рекорд од 2009 година го држел еден хрват, кој истата колична пивски шишиња ја отворил за 28 минути и 11 секунди. После победата Морен со насмевка на лицето рекол дека сега некој мора да го испие сето тоа пиво.