Норвешкиот колеџ за дополнително образование кој се наоѓа на околу 150 километри западно од главниот град Осло започнува со програма за оние кои сакаат да станат Викинзи, јавуваат норвешките медиуми. Програмата вклучува мачевање, кана, керамика, столарство и изработка на традиционален накит.
Студентите исто така ќе научат да прават покриви од слама. Покрај тоа, учениците ќе ги учат и ритуалите на Викинзите, помеѓу останатото и жртвување на животни. Медиумите наведуваат дека интересон кон древните скандинавски борци е зголемен во последниве неколку години благодарение на сериите како што се „Игри на престолот“ и „Викинзи“.