Ник Тенант отворил училиште за одгледување канабис во Детроит и им помага на жители да не им овене марихуаната. Тој го основал училиштето по три години работа во автомобилската индустрија. Вели дека на земјата и требаат работни места и дека медицинската марихуана би можела да ја стимулира економијата и да донесе огромни пари.
Одгледувањето марихуана за медицински цели е легално по новиот закон во Мичиген, кој вели дека пациентите чии лекари тоа го потврдат смеат да одгледуваат до 12 стебла или да именуваат некој кој ќе го прави тоа наместо нив. Учениците во училиштето се од најразлична возраст и од обата пола.