Струга и хотелот „Дрим“ се домаќини на 18 – то отвореното шаховско првенство кое ќе трае до 26 јули.

Најголемото изненадување по првото коло го приреди францускиот шахист Жозе Кожест кој го совлада 13 – рангираниот  стружанец Гаврил Скрчески.

На првенството, кое е со низок просечен рејтинг од 2.065 поени, играат 30 шахисти (двајца велемајстори, петмина интер-мајстори, петмина ФИДЕ-мајстори, еден женски интер-мајстор) од кои пет дами, а има и двајца странци.

Новиот првак ќе биде познат по одигрувањето на девет кола (швајцарски систем). Ланскиот победник, стружанецот Ристе Менкиноски, не учествува на првенството.

ohridnews