Мачјото кафуле “Lady Dinah’s Cat Emporium”, сместено во Шордич,во источен Лондон, ги собира љубителите на кафе и мачки на едно место. Се наоѓа на работ на лондонскиот финансиски кварт, а заработува на идејата која по прв пат била популаризирана во Јапонија како вработените изложени на стрес би можеле да се опуштат мазејќиги мачките додека си пијат капучино, кафе лате или чај.
Местото е толку популарно што местата се резервирани до јуни. Освен чај, гостите можат да конзумираат и други пијалоци, а се тоа во друштво на 11 мачки. Внатрешноста е уредена во викторијански стил со додаток на бројни играчки за мачки.