ИЗВЕДУВАЧКИТЕ УМЕТНОСТИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА:
ПАТОТ ЗА ОБНОВА НА КУЛТУРАТА ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Едно од прашањата на моето истражување беше за тоа какви мерки треба да носат креаторите на политиките во културата за спасување на овој сектор. Врз основа на истражувањето, ја составив следнава листа на препораки и мерки што треба да ги донесеме како национална стратегија, со цел да добиеме пофокусиран и сеопфатен документ за нашата културна политика во периодот пред нас.

Итни мерки

1. Обезбедување на итна поддршка и обезбедување на финансиски средства за сите вработени во културата вклучувајќи ги тука и самостојните и хонорарните уметници. Средствата да бидат ослободени од сите бирократски пречки и лесно достапни.
2. Охрабрување на јавните субјекти да ги исплатат сите склучени договори, вклучувајќи ги и оние за откажаните настани.
3. Претставување на јасни и точни информации за тоа каква помош им е достапна на уметниците на национално ниво.
4. Обезбедување на бесплатни правни совети, вклучително и за тоа како да се користат клаузулите за виша сила.
5. Одржување на континуирано финансирање и прилагодување на следниве правила:
а. Флексибилност на сите инструменти за финансирање, дозволувајќи им на корисниците да одлучат дали тие треба да ги одложат, откажат или трансформираат своите активностите, во зависност од тоа за каков вид на активност се работи.
б. Проширување на циклусите на финансирање, дозволувајќи им на корисниците да ги завршат своите проекти и надвор од терминот на финансирање.
в. Осигурување дека ко-финансираните меѓународни проекти нема да бидат замрзнати на национално ниво.

Среднорочни решенија

1. Преземање сеопфатен преглед и пресметка на финансиските загуби педизвикани од кризата и целосно надоместување на истите.
2. Овозможување на секторот култура да излезе од кризата со зголемување на субвенциите за уметност и култура во периодот 2021 – 2025 година.
3. Спасување на изведувачките уметности, осигурувајќи буџетите да не пропаднат поради сегашната криза или притисок, заради прераспределувањето на финансии во други сектори.

Долгорочна перспектива

1. Интегрирање на културата и уметноста во стратегиите за економска и социјална регенерација, препознавајќи ја нивната огромна вредност за благосостојбата на граѓаните, како и нивната моќ за обединување на луѓето, дури и во овие моменти кога е невозможно се да биде исто како порано.
2. Вклучување на сите заинтересирани страни од секторот за изведувачки уметности и култура во дијалогот како да се дизајнира долгорочна стратегија за заживување и зајакнување на секторот.
3. Зајакнување и охрабрување на секторот култура да ги прилагоди своите деловни модели преку пристап до консултантски услуги, стратешки совети и размена на најдобри практики.
4. Креирање линија за помош за уметниците кои се под егзистенцијална закана.
5. Осигурување и преземање соодветни мерки за идни (слични) кризи да не се дозволи да го поткопаме секторот повторно:
а. Истражување на можноста за воведување универзален основен приход
б. Воспоставување на меѓународна линија за помош на уметниците чии економскиот опстанок е под закана

М-р. Зоран Вељаноски Летра

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите