Почитувани,
Јас Илија Фармакоски отворено преку средствата за јавно информирање ве повикувам да го разрешете случајот „Фонтана„ Охрид, каде главен учесник во насилието беше Началникот на Централните Полициски Сили Г-дин Јордан Размовски .
Имено на ден 20,01,2012 година во Ресторан „Фонтана“ во Охрид на улица „Јане Сандански“ од страна на 50 гости кои имаа закупено дел од ресторанот во приватна режија , дојде до физички напад врз персоналот на Ресторанот од страна на Јордан Размоски и неговото друштво , при што беа физички нападнати вработените Златко Цветаноски Управник на објектот, Горан Настовски шеф на сала на угостителскиот објект, Лазо Илоски келнер во угостителскиот објект , шанкерот и куварот во објектот. Од страна на персоналот бев повикан бидеќи мојата фирма за обезбедување на имот и лица „РАЗОР“ го обезбедува објектот и јас лично како вработен во неа. На моја интервенција, со цел да се смири атмосверата во објектот, веднаш без никаква причина бев нападнат од Јордан Размовски и уште 40 други лица, при што врз мене удираа со боксови, клоци, при тоа изнесуваќи разни пцовки и недоличности. Некако успеав да станам и се упатив во мојот дом кој се наоѓа веднаш наспроти ресторанот „Фонтана“. Но толпата предводена од Размоски дојде до вратата на мојот дом , при тоа сакајќи насилно да влезе во мојот дом. Откако толпата се врати во Ресторанот повторно се нафрлила врз персоналот со претење дека доколку проговорат за настанот „ќе им ебел матер“, ќе виделе тие кој е Размоски“. Јас повторно се упатив према ресторанот, при што повторно бев нападнат од неговата тајфа, со боксови клоци, и тоа траеше додека не се појави полициското возило за интервенција.
СВР Охрид веднаш излезе со сопштение кое е далеку од вистинскиот настан, при што се изнесени низа невистини и лаги кои наштетуваат на мојата чест и углед. Како што опишав и погоре Размоски користеќи ја својата позиција која ја има во МВР, на дрзок начин со примена на сила се пресметувал со вработените во ресторанот, кој со ништо не го предизвикале ваквото негово дејание, туку напротив цела вечер го слушале и ги трпеле неговите пцости и вулгарности за закуп на дел од салата за сума од 8000 денари .
Јас како обезбедување на локалот морав да реагирам во рамките на законските овластувања, пробав да ги смирам да не го тепаат персоналот, но за жал тој и неговата тајфа се нафрлија врз мене, за повторно да го тепаат персоналот.
Почитуван Премиер , почитувана Министерке, ве молам под итно да преземете дејствија како би се расчистил случајот „Фонтана“ во Охрид и да се стави еднаш за секогаш крај на дивеењето и примената на сила од услов на функција на Јордан Размоски, зошто на ваков начин само се деградира МВР и Владата на Република Македонија .
Л.К.бр.А1144786
*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.