Сведоци сме дека во изминатиов период, во медиумите беа изнесени бројни интерпретации за функционирањето на ООУ „ Братство Единство”. Како директор на оваа образовна институција, а пред сѐ како човек сакам уште еднаш јасно да ја истакнам целта на моето излагање во врска со уписот на првачиња во нашето училиште.
Одговорно тврдам дека воопшто не беше упатено со цел да се дискриминира ниту една етничка заедница. Напрoтив, училиштето во коешто работам, а во моментов сум негов раководител , повеќе од 7 децении работи на процесите на зајакнување на соживотот во нашата земја. Особено сум горд што во ова време, во кое дури и најдемократските држави се соочуваат со меѓуетнички конфликти, ние како училиште покажавме дека мултикултурализмот не е изумрен концепт. Мојот апел беше упатен единствено до оние кои свесно го прекршуваат член 63 од Законот за основно образование („Сл.весник на РСМ” 161/19) , согласно одлуката на Советот на општина Охрид на седницата одржана на 29.05.2020 година за утврдување на реоните од кои се запишуваат учениците во основните училишта во општина Охрид.
Затоа, апелирам и го поддржувам ставот на Општина Охрид упатен до родителите, да ја почитуваат одлуката за реонизација на основните училишта, да ги запишуваат идните првачиња во реонското училиште во коешто припаѓаат и без објективни причини да не бараат потврди за промена на реонското училиште.
Воедно, се наближува и 25 Мај-Денот на нашето училиште, Денот на младоста, братството и единството. ООУ „Братство Единство” продолжува со оваа своја значајна мисија, а од родителите на идните првачиња очекувам заедно да вложуваме во изградбата на овај храм на знаење , преку создавање генерации млади луѓе, кои низ животните патишта ќе се водат од највозвишените вредности како соработка, толеранција и почитување на различностите.
Џемал Мехмед, директор на
ООУ „Бртаство Единство“-Охрид
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите