Е па, драги мои Стружани, нека Ви е честит големиот празник на Струга 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Струга и Митровден!

Така пишува во поканата на Градоначалникот на Општина Струга,Рамиз Мерко, а никаде го немаше за време на чествувањата што ги беше предвидел во неа, заедно со ,,Организацијата на борците од НОАВМ 1941-1945,, од Струга!?
Ако е и од градоначалник од типот на Мерко, многу е!

Во поканата дистрибуирана по повод  ЕДИНСТВЕНИОТ празник на Општина Струга потпишана лично од Градоначалникот Рамиз Мерко и од неговиот приврзок наречен СОЈУЗ на БОРЦИ – СТРУГА  со претседателот Ајредин Мемеди (од каде пак овој претседател на борците?!),меѓу другото, убаво е напишано дека, во Сабота, 07. Ноемвр во 18 Часот, во салата на Општина Струга  во 18 цасот, ќе се одржи СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА на која ПОЗДРАВЕН ЗБОР ќе има Градоначалмникот Рамиз Мерко !. До овде  се е одлично. Арно ама, на Академијата ни трага ни глас од Градоначалникот Мерко!? Ѓоа бил отсатен
службено, ами. И, наместо него, оп, некакво на две на три сложено обраќање имаше ,,најпопуларниот,, општински секретар (читај Срески шпиун), Зоран Гулицоски!

И, повторно, во неделата, на 8-ми Ноември, уште едно празнично изненадување од Градоначалникот Мерко – НИКАДЕ ГО НЕМАШЕ да положи цвеке на Споменикот на револуцијата, како што беше предвидено со НЕГОВАТА Програма!?

Господине Градоначалник, што е многу многу е, ако е и од Вас. Јас можам да ја разберам Вашата фрустрираност во однос на одбележувањето на светлите датуми од нашата понова историја заради Вашето потекло, зашто знам кои биле Шемо и Мустафа Мерко од Франгово во текот на НОАВМ 1941-1945 . А, Вие сте директен потомок на едниот од нив. Но, не значи дека треба и Вие да грешите ако грешеле тие, нели? А, не треба ниту да се оптоварувате со минатото ако гледате и работите исправно за иднината. Но, очигледно, г. Градоначалник, политиката е нешто сосема друго, а Вие се определивте за политика и затоа, впрочем, сте градоначалник. Сепак, од Вашиот однос кон нашата, заедничка историја и најсветлите датуми во неа од периодот на Народно-Ослободителната и Антифашистичка Војна на Македонија 1941-1945 година (како
што тоа беше случај и на 11-ти Октомври годинава), повеке од очигледно е дека не сте дораснати за политика.  Дефинитивно. Поразително за Струга и нејзините граѓани.

И, да не заборавам. На прославата на најголемиот празник на Општина Струга  ги немаше ниту Вашите коалициони партнери во локалната власт и подржувачи ама баш во све од ВМРО-ДПМНЕ. Случајно? НЕ! Та, овој пат, немаше академија на која ќе говори претседателот Н.Г. и заради тоа, веројатно немаа директива од ЦК за присуство на свеченостите во родниот им град. Патриотизам невиден, нели? Е, Стружани, Стружани. Не ми остана ништо повеќе освен само уште еднаш да Ви го честитам големиот празник на Струга  8-ми Ноември, Денот на ослободувањето и Митровден и да Ви посакам подобар избор на следните локални избори. Да сме живи и здрави и, со среќа, де!
 

Петко Тренески


Изнесеното во
рубриката Ваши ПИСМА, се лични, а не ставови на редакцијата на „Ohridnews“ и таа
не сноси одговорност за содржината на текстовите во оваа рубрика.

Од редакцијата