Навистина не можам да сфатам што имаше лошо во тоа да се слушнат учесниците на трибината и нивните размисли за нашиот, Македонски, пат во Европа и да се учествува, сосема демократски и слободно во дебатата со свои размисли, без разлика дали тие ке се различни од оние на медијаторите?!
Како и да е. На моја и наша Струга за која со полна уста се фалиме дека е демократска, цивилизациска, мултиетничка, мултикултурна и што уште не како нејзини позитивни атрибути, вчера и се случи повторно 2004-та само, овој пат, на културен, демократски и цивилизациски план. Штета и срамота!! Не знам како и уште колку вода ќе треба да протече низ Дрим за да се испере барем, срамот. За штетата – ненадометлива е!
За овој и ваков настан ќе се срамат уште многу генерации на моите стружани.
Љупчо Пинтоски, Струга
Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.
Од редакцијата