Долго време овај збор ми парат уши, ме боцкат в очи. Збор ко збор… ама да е на право место. Туку дали му е правото место во Св. Софија??

Си милвиме ние да клаваме звучни зборој бес потреба. Мислиме дек му даваме поголема тежина на предметот, а често п’ти не му го знајме значејнето, или пак не е на соодветно место. Можда и прет то, ама колку шо се јас сешчам, негде во касните 70-ти… раните 80-ти години од минатиот век почна да се прожимат „Катедрална Црква Св. Софија”. Све се надеваф „ќе поминит болеста”, ама никако!! Дури и се одомаќини!

Во тие години се знаеше кој мојт да пишит по новините, кој мојт да зборвит на радио, а кој пак на телевизорот. Ама прашајне е дали се сетија?! Или пак дали имаја време да се бахчет со такви „неважни” работи?! Секако дека „никој не можеше” да им забранит! (А-ха… беф јас!) Пак убо шо се најде Ohrid News и ни дозволи и ние, обичните смртници да мојме нешчо да кажиме и да опитаме. Прет подоста години, на некое место, к’де присатни беа и званичници на нашата Црква, беф повикан да ми се одговорит на предходно поставено прашајне, „… зш Катедрална?” От званичниците ми беше речено, цит: „Катедрална е затоа што катедрата/седиштето на Епархија-та е тука.” Ај, јај, јај, јаааајјј… На то шо го слушнаф „сас роѓени уши не поверуев!”. Како прво, седиштето на Епархијата не е тука. То сите го знајме.

Фторо… по ова тумачејне и другите Епархии требит да имет своја катедра/седиште. Ама немет. Ниедна друга не ја именвет така. Или пак ние не знајме?! На интернет страната стојт с’мо Св. Софија. Значит, спрема даеново, другите Епархии се небитни.

Надвор од Македонија, во задграничните Епархии, тој пример го следит, колку шо јас знам, с’мо Канадско-Америчката Епархија, која имат дури и натпис дека е „катедрална”.

Бравоооос – и нишчо појќе!!! И за едната и за другата!

Би било убо да се најт некој да ја објаснит ова небулоза. От кога во Православието постојт терминот „катедрална” кој е карактеристичен за Католицизмот. Да не не изненадит еден ден да дојт некој закон… на сфештениците катедри – н(а) професорите (г)олтари!

“Доцент на Катедра”

Ристо Ристе

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив