Министерот за развој на информатичко општество Иво Ивановски, свечено го пушти во употреба Државното интернет кафе во Охрид кое се наоѓа на бул. Туристичка.
Отворањето на Државното интернет кафе во Охрид е дел од проектот на Владата за развој на информатичко општество во Македонија, а целта е поголема едукација на граѓаните од областа на информатичката технологија, истакна министерот Иваноски.
Во исто време течат и бесплатните обуки на околу 20.000 граѓани, информираше Иваноски, кој најави дека обуката на охриѓани ќе ја спроведе компанијата „Ентер“ која од понеделник ќе стартува со проектот.
отворено бесплатно интернет кафе во Охрид
Бесплатното интернет кафе во Охрид има 10 компјутери. Ќе работи секој ден од 8- 24 часот и е наменето за лица под 26 и над 62 години. „Сметавме дека на таа категорија граѓани им е најпотребен интернетот. Овие интернет кафеа ќе бидат наменети исклучиво за научни цели и во нив нема да бидат дозволени видео игри, а секој граганин ќе може дневно да сурфа само по еден час“, рече министерот Иваноски.
во јули ќе бидат отворени уште десетина бесплатни
интернет кафулиња-министерот Иваноски
Претходно во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Иваноски ја посети охридската гимназија каде со директорот и професорите разговараше за проблемите со кои се соочува училиштето.
Г. Момироски