Спортската арена „Билјанини Извори“ и градот Охрид од 11 до 14 септември ќе бидат домаќини на Балканско првенство на бадминтон за стари ветарани.
На првенството ќе учествуваат Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Албанија, Молдавија и Македонија.
– Охрид по трет пат е домаќин на големо натпреварување во бадминтон. Ние како федерација секогаш се одлучуваме за Охрид бидејќи тука покрај спортските има и доста други атрактивни работи да се видат и посетат. Бадминтонот полека зема земав во Македонија, но ние уште работиме на квалитет, а не квантитет – рече Диме Стефаноски првиот човек на македонската федерација.
Првенството за отворено го прогласи заменикот градоначалник Ангел Јанев кој им посака топло добре дојде на земјите учеснички.
– Уверен сум дека покрај спортските натпревари ќе имате и доволно време да го разгледате нашиот град за да ја почувствувате историјата и културата, која во Охрид трае повеќе од 7 илјади години. Како ретко кое место во светот, Охрид, на едно место ги спојува природата и културата, што како универзална вредност е препознаено од УНЕСКО и се наоѓа на неговата листа на заштитени подрачја. Убеден сум дека волшебноста на нашиот град ќе направи да понесете незаборавни впечатоци и повторно да посакате дојдете тука – рече Јанев.
Со организирањето на Балканското првенство Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ продолжува со трендот на собирање на кремот од било кој спорт.
Мх.П.