Атељето ќе ги здружи и ќе ги претстави позитивните традиционални вредности на културите кои ја испреплетуваат и ја градат специфичната единственост на Охрид и Македонија, информираат од локалната самоуправа.
Овој настан ќе биде работилница и изложбен простор/галерија во која позначајни уметници и занаетчии од Охрид и Македонија, во живо ќе го претстават процесот на создавање артефакти и истите ќе ги изложат. Отвореното Атеље ќе трае до 31 јули и е прва фаза од проектот кој се предвидува да заврши во декември 2010 година.