– Пресреќна сум што идејата на мојот сопруг и моја, се оствари, еден концерт да прерасне во фестивал. Да е вечно Охридско лето како што е вечна Македонија. – истакна Ана Липша Тофовиќ.
На отворањето на фестивалот публиката имаше можност да го проследи настапот на македонскиот пијанист Симон Трпчески и Рускиот национален оркестар, под диригентска палка на светски познатиот музички уметник, Михаил Плетнев.
– Ми беше огромна чест да настапам со една таква музичка легенда како што е Михаил Плетнев од кого и ден денес учам и мислам дека имавме многу спонтан – пријателски однос на сцената, иако прв пат настапуваме заедно и имавме само една куса проба. Многу ми е драго што публиката не поздрави со голем аплауз.-изјави по завршувањето на концертот Симон Трпчески.
До 20-ти август публиката на „Охридско лето“ ќе проследи 25 концерти, 13 театарски претстави, една балетска претстава и еден оперски гала-концерт, кои ќе бидат изведени на сцените на Античкиот театар, црквата „Св. Софија“, Долни сарај, „Св. Јован Канео“ и Центарот за култура „Григор Прличев“.