По 36. пат, синоќа, беше отворена Поетската ноќ во Велестово, во преубавиот амбиент на истоименото охридско село. Фестивалот го отвори хрватската кантавторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ со мал музички концерт. Потоа следуваше поетски портрет на македонската писателка Елизабета Баковска што го водеше Јулијана Величковска.
Поетскиот дел заврши со „Поетско интермецо“ во кое настапија Иван Херцег од Хрвстака, Патрик Котер од Ирска, Минг Ди од САД/Кина и Марко Ѓорѓевиќ од Србија.
Вечерта заврши со изложбата „Паметници на заборавот“ од фотографот Сашо Димоски.
Фестивалот продолжува денеса во кафе и бар Шила во Охрид со настанот „Мозаик“ на кој ќе настапат поети од пет земји. Читањето започнува од 19 часот, најавуваат организаторите.
OhridNews