ИБ Спорт центарот во Охрид на 15 и 16 февруари, четврток и петок, организира отворени тренинзи за Зумба и „Body Combat“.
Бидете дел од овие два тренинга кои ќе направат Вашето срце да заигра во динамичен ритам. Без разлика дали сте почетник, или страствен фитнес ентузијаст, искористете ја оваа можност и откријте дали овие тренинзи се вистинскиот избор за Вас, велат од ИБ Спорт центарот.
Отворениот тренинг за „Body Combat“ во ИБ Спорт центар е во четврток, 15 февруари во 20 часот, додека отворениот тренинг за Зумба ќе се одржи во петок, 16 февруари исто така во 20 часот.
Посетителите ќе може да го почувствуваат освежениот амбиент на ИБ Спорт центар, сега надополнет со ново осветлување поставено специјално за отворените тренинзи.
OhridNews