Со импресивно дефиле, спектакуларен начин  на палење на олимпискиот оган и фантастичен огномет денеска беа отворени Олимписките игри во Пекинг.

Отварањето на Олимпијадата на стадионот Птичје гнездо одбележано е со бројот осум. Кинезите овој број го сметаат за среќен, па Игрите започнаа на 08.08. во 8 часот и 8 минути навечер.   Целата свеченост на отварањето траеше три часа и четириезсет и две минути, а сите спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата на специјално платно оставија отисоци од своите стапала.


На овогодинешните Олимписки игри ќе учествуваат 10.500 спортисти од 205 земји, а спортот во следните 17 дена ќе има примат во светските настани. Спортистите силите ќе ги одмерат во 28 спортови и 302 дисциплини, а сето тоа ќе го следат 20.000 новинари и фотерепортери.

На церемонијата на отварање на Олимпијадата  повеќе од единаесет илјади учесници ги претставија најголемите кинески откритија-барутот, компасот, свилата, тестенините и хартијата.

Свеченоста ја следеа и 80 светски државници , а меѓу нив и Владимир Путин, Џорџ Буш и Николас Саркози. 

ohridnews