Новото детско одделение и Дневен центар за слободни активности денеска свечено беа пуштени во употреба во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Министерот за здравство заедно со директорот на болницата д-р Митко Тилев и градоначалникот на Охрид Александар Петрески ја пресече црвената лента на новите простории кои се од исклучително значење за болните деца кои се третираат во Коснозглобна.
Новото детско одделение кое всушност ќе биде супституција за специјалната детска болница која се затвори, располага со 38 кревети и комплетна кадровска опременост. Во изградбата на овој оддел владата инвестираше 110.000 евра, а со сопствени средства учествуваше и болницата. Изграден е и нов лифт со што се подобруваат условите во болницата.
Не застануваме тука затоа што Консозглобна е дел од двата големи проекти на владата за добивање нова современа медицинска опрема се со цел оваа здравствена устанува и натаму да се развива во регионален центар кој ќе води грижа меѓу другото и за децата со коскено-мускулни заболувања, како и за децата заболени од церебрална парализа, рече Селмани.
Имер Селмани
Денеска беше отворен и дневниот центар кој е дел од проектот на Младинскиот центар – Охрид подржан од локалната бизнис заедница.
Волонтери од Младинскиот совет Охрид секој викенд ќе работат со хоспитализираните врсници и ќе развиваат социјални вештини преку едукативни и креативни работилници. Исто така ќе бидат организирани заеднички средби за дружење, гледање филмови, рекреација со друштвени игри и сл, а еднаш во месецот децата заедно со волонтерите ќе излегуваат надвор од болницата при што ќе им бидат организирани разни настани како посета на донатори, крстарења со брод, посета на фестивали се со цел да го почувствуват се она што им недостига во болницата, ни изјави Димче Каневче од Младинскиот Совет.
Димче Каневче
Отворен дневен Центар во Коснозглобна
Новото детско одделение денеска на подарок доби неколку слики откупени на аукцијата во црквата Св. Ѓорѓија што ја организираше женската организација на ВМРО ДПМНЕ. На аукцијата биле собрани 20.000 денари кои исто така ќе бидат донирани за потребите на детското одделение.
слики и 20.000 денари за Детското одделение во Коснозглобна
ohridnews