За прв пат во историјата на Аргентина, жени управуваат со една воена база на Антарктикот, без мажи.
Група од 9 жени, меѓу кои има омажени и мајки, веќе два месеци водат воена база, недалеку од глечерот Ларсен, оддалечен 3 400 км од Буенос Аирес, каде просечната температура изнесува -10 степени Целзиусови.
„Ги вршиме сите работи, поправаме цевки кои пукаат од ладното време, креваме заштитни ѕидови против ветар, кои овде достигнуваат и 80 км на час“.
Храбрите жени го топат мразот за да добијат вода, бидејќи тоа е единствениот начин да се избањаат.
„Не сме брзи како нашите машки колеги, но со успех завршуваме апсолутно се“, рекла Алиса, која е водач на групата.
Аргентинската војска ја испратила женската екипа во воена база по долга и тешка обука.