Повод: Писмото „Пролет во Декември“ на авторот Марика објавено во рубриката „Отворена“ на „OhridNews“

Драга Марика,

Ти пишувам лично тебе во одговор на твоето писмо Пролет во Декември кое видно ме потресе како и да се надоврзам со збор два.

Во врска со нелуѓето во луѓето. Како ли да ги откриеме тие нелуѓе драга Марика ако знаат добро да ја држат својата маска. Да, режисерот на македонскиот филм Дедо и Внук проба да ја разбуди свеста на луѓето.Но колку од нас се разбудија. Колку од нас само го погледнаа филмот и рекоа ова е само филм, не знаејки дека ова всушност стана секојдневие?

Загриживачки е фактот дека лугето веќе го изгубија својот осет како и сочувството. Токму Никола за мене е нечовек и човек кој доцна се сети дека таму некаде постои храбра девојка која до крај и машки се бори за себе и за својот син. Во ниеден момент не ги испочитува туѓите емоции туку се однесуваше како тој да е жртва. За разлика од Билјана која секако успеа и го подигна своето дете без неодговорниот и според мене нечовечен Никола. Еден од моите омилени ликови е секако дедо Никола кој проба на сите да не разбуди преку неговите совети… Посебно она:
“Колкава голема е твојата вина?
Во животот, се се враќа, се се плаќа.
Другото е од тебе, колку ќе поправиш, толку ќе платиш.
За ништо нема да бидиш спремен. Спремањето е по пат.”

Филмот како што кажа и самиот режисер е за втора шанса но сепак втората шанса е најбитна кога ке си ја дадеме себе си.

Драга моја верувај за жал повеќето луѓе мислат дека успех е слава и моќ,банкарско конто и круг лажни пријатели. Се надевам оваа година што ни дојде ќе не разбуди сите да бидеме луѓе.

Среќна нека ни е на сите.

Од се срце те поздравувам Марика.

Илијана

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите