Повод објавата во Билтенот на МВР за наводно недолично однесување на полицаец за време на вршење служена должност

Почитувани,

По објавата на веста за полицаецот кој навредувал колеги од страна на МВР, сметам дека треба да реагирам во јавноста бидејќи пласираната информација од страна на оваа иснтитуција е чиста лага и невистина.

Вистината е следна:

На 18.11.2-16 г. во 13 и 45 часот во Основното обвинителство Охрид од моја страна е поднесена Кривична пријава против трите наведени лица (раководен кадар во СВР Охрид) за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и спречување службено лице во вршење службено дејствие кои кривични дела се пврзани како кривични дела од Изборен Закон.

По ова од истите се преземени мерки за мое следење, (јас знаев дека сум следен) и извршена е директна контрола во 17 и 30 часот во село Косел. Во однос на наводите истите во целост ги демантирам, односно времето кога сум бил во дворното место на ресторанот „Јарец“, а не внатре во ресторанот, бев надвор од објектот, а во објектот во тоалет влезе мојот колега придружник кој имаше итна потреба од тоа.

Надвор пред објектот седев сам, а внатре и имаше голема гужва и прослава. На излегување од објектот, не во 19 и 10 туку во 18 и 40 часот мојот колега излезе заедно со лицето Наум кој ме поздрави и бидејќи имал роденден ни донесе две безалкохолни лименки густи сок, по што по кратко време заминавме од објектот откако претходно истиот ме запозна со криминалите кои ги вршеле одредени функционери на СВР Охрид.

Тој ми кажа дека на тие луѓе така му треба . Мојот став во разговорот беше дека према криминалот не треба милост па и за кого да се работи.

Откако заминавме од Косел, околу 21 часот бев повикан во СВР Охрид, без запознат дека од страна на тртите наведени лица во пријавата ми е поднесена кривична пријава од Внатрешна контрола која од полицискиот службеник ми беше прочитана и во неа стоеше дека сум конзумирал пиво во ресторанот Јарец. На нивно барање се согласив да бидам алкотестиран и да ми се земе крв, при што истите со службено возило од Струга обезбедија дрегер за утврдување на алкохол, при што по извршеното испитување е утврдено дека содржината на алкохол во крвта изнесува 0,00 промили.

Составен е запоисник за извршеното алкотестирање кој го потпишав како и останатите службеници кои беа присутни.

Останав во СВР Охрид чекајќи и да бидам повикан од крим полиција заради расчистување на поднесената пријава. Во 22 и 40 часот од страна на претпоставениот без известен дека нема потреба со мене да се обавува разговор. Реаиграв на тоа бидејќи согласно правилата на МВР и Уставот на Македонија, против секој против кој има пријава МВР законски е должно да му даде право на одбрана и произнесување по истото. За жал никој не сакаше да разговара со мене околу пријавата по што во 23 часот си замианав од СВР Охрид.

Во однос на наводите дека сум мафтал со листови од хартија категорично тврдам дека со мафтање од листови од хартија на никој не може да му се загрози сигурноста, како и неговиот живот, односно непостои битието на ова кривично дело за кое ме товарат – мафтање со листови хартија.Бидејќи наведените лица биле на оддалеченост од минимум 10 километри. Се прашувам каква ли ни е СВР Охрид кога главните носители на безбеднбоста во градот само мафтање со лист хартија и тоа на далечина од 10 километри предизвикувало страв и вознемиреност. 

А во однос на нарушениот интегритет на честа и достоинството, како повисоки раководни лица во СВР Охрид им давам правна поука истите да ме демантираат со поднесените кривични пријави , да ми поднесат приватна тужба за клевета, навреда и слични дела од областа на честа и угледот, а јас сум подготвен да ја сносам севкупната одговорност од истите.

Стевче Стевоски – полицаец

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите