Во саботата 17 септември во нашиот град на светлината заврна повторно дожд кој направи повторно Венеција на улицата Галичица. Имено од тој 17- ти приземните простории на куќите на улица Галичица го имаат чувството дека се улици на Венеција, а не на Охрид.
Секако овде на улица Галичица фекалиите се во преден план и тие извираат и се чувствува нивниот мирис за разлика од Венеција каде таму има море а кај нас езеро. Значи исто е само различно е морето од езеро. Различно е и што нема гондоли а има кајчиња во езерото и последователно во куќите.
Ова Венеција нека остане како мала шега што би се рекло туку некако нека стигне до ушите на надлежните на Нискоградба во Охрид да превземат некакво дејство за да се реши моментално проблемот со кој сме соочени како жители на улица Галичица зошто ќе мораме да купуваме кајчиња, рибарски чизми и гасмаски кои не знам дали уште се продаваат или ги има со Украинскава криза.
Огнен
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.