Во пресрет на одбележување на Денот на музејските работници, 18-ти мај, вчера во Куќата на Робевци беше отворена 23-тата традиционална изложба на слики.

На изложбата пред охриѓани беа претставени дела од уметниците кои последните неколку години учествувале со самостојни изложби во Куќата на Робевци.

Меѓу уменитците чии дела се застапени на изложбата се Златко Нежиќ од Загреб, Јон Атанасиу Деламаре од Букурешт, Снежана Гроздановиќ од Белград, а од домашните  Стефан Цирагридов, Доне Милјановски и други.

Инаку, изложбата ќе биде отворена секој ден освен понеделник, до 30-ти мај.

OhridNews