Торонто, 8-ми Март о.г. 6 сатот поручек… навечер… како_сакате. По локално време, шо би рекле оние од “време е за време.” PBS Chanel дирекно од Лондон преземат BBC News. А во вестите… (из)бегалци… криза… Турција не_сакат… Грција не_дават… Србија отворат… Аустрија затворат… Европа пропаѓат… Америкаците се спремет… Русите дремет… С’мо кутрите ние… ни збор за_нас! Шо бе ни збор??! Абе ни буква!!! За 7-8 минути, колку шо траеше тој дел од вестите, ни М од Македонија.
(Ко да) не_постојме!!!
Во 7_и_пол, по локално, пуштам МТВ 1.Ударниот дневник. Се знајт… и таму та… (из)бегалската криза! И пази! Истите снимки! С’мо шо овдека за разлика од BBC, Македонија се спомна едно 15-тина п’ти. Ај сега биди паметен!!!??? Апла е дека работава не е чиста! Кој-кого овдека…!?? Све ми се чинит дек тој одговор го знает тие шо парадирет низ Македонија. Домашни и странски политички манекени! Домашните, појќе-помалце ги знајме. Ко ќе дојт по_погодно време ушче појќе ќе ги запознајме. Странските…!?Уууууууфф!
За нас – звучни имина! Кој от кого!? Да не ги именвам… Кој наместо по крстот, скокат по бурето со вино, та народот го доживјават ко брат… кој, за да покажит колку е “зелен” се возит на точак по метрополата ни, па камерите го пратет дури и “кј шо ојт царот пешки”… кој со Нашите Официјалци комуницират по социјалните мрежи наместо по кабинетите, па така и народот се фкључвит во целиот тој циркус, та то прерасвит во еуфорија…
За “Блудницата” – сите се анонимуси! Сите до еден, от прф до последен! Ситни канцелариски пискарала, поставјани про-форма овде-онде како пиуни за фронтална употреба. Обично, нивното истрауматизирано детство ги квалифицират за ногу добри послушници. Заслужни за глаткото спроведвејне на дневната политика на надредените, за да ги одморет нифните вечно во_воздух кренати р’це, наградвени се со “екскурзија низ Европа.” Е тие, таквите, ќе ти дојдет дома и ќе ти го “кажвет куќниот ред.” А нас – мило!
Ние се “топиме” от радос. То ти сме ние! Да мојме, дома на_ручек да ги викниме, та да им покажиме шо е македонска гостољубивост. Тие ни се шетет низ дворот, а ние по_ниф метиме и му се клањаме. Тие голи кј нас ф_спална… ние ги покриваме дан настинет. Да да… то ти сме ние. Све чужџо е поубо от нашето. Шо појќе му угодвиме, то сме посреќни!
Дури постапвет и надвор од инструкците и овластвејната, па така го задоволвет нивното исфрустрирано его, нивната суета…
И не_ретко, от ко ќе се вратет во матицата, така задоволни от “сработаното”, затворени во нивните гарсоњери, ќе се “обесет” на неограничениот интернет, и ќе пљукет по земјата, во случајоф Македонија, к’де биле “специјални пратеници”… “европски преставници”… и важеле за “некој и нешчо”. А во стварност никој и нишчо!
Не дека вие ова не го знаефте…
Не ви теквеше во моментоф!
Ристо Ристе
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив