Наслов кој интригира, го влече читателот но веднаш да го подготвам дека не станува збор за актуелните политички превирања или пак застрашувачките резултати од Ковид 19.
Не, станува збор за секојдневие на поединци кои гледаат, молчат и привлекуваат во себе се она кое за нив е најнормално, а засегнатите тоа го прифаќаат (народно речено) без око да им трепне.
Ти, тој, таа или тие кои флегматично се однесуваат, подобро поминуваат! Нив мисла не ги мачи за збор што рекле без истиот на вага да го стават или пак постапка нивна, ниту пак невербална комуникација!
Колку да ме боли тоа нивно однесување во себе кријам прашања кои започнуваат со зошто?
Зошто ЈАС и НИЕ, малкумина сепак не испуштиле вик кон незасегнатите! Зошто? Одговорот е јасен, зошто ние сме ЗАСЕГНАТИТЕ! Така не воспитале, така не учеле в училиште, така средината влијаела врз нас, да молчиме, да бере е болка и да истраеме! Ете, тоа нас не разликува од незасегнатите. Остар јазик имаат тие! Учени биле дури и повеќе од Вас! Но, животот не се живее со хартијата на која пишува м-р, д-р (секоја чест на исклучоците). Нели?
Еве вака лесно, во овој дождлив јулски дел на хартија бела во еден здив, јас кратко го запишав мојот став кон сите незасегнатите од било која професија, од било која возраст! И колку да им се восхитувам како можат, сепак јас ќе си останам доследна на моето мислење за кое верувам дека и голем број читатели ќе се сложат и колку да сакаме да бидеме како нив, не можеме!
Подобро ни е вака во нашата кожа!
Снежана Атанасоска
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите