Со овие нови актуелни Ковид-мерки, рестрикции, нови варијанти на вирусот и неизвесност, се потсетив на една случка летово во една позната охридска црква. На мој, свој начин, симболично и спиритуално си ја почитувам секогаш правосланата црква. Палам свеќа, оставам пари. Верувам во нешто што ми е толку далеку, мистериозно и недопирливо. Појма немам како ќе изгледа ‘животот во новиот свет’. Многу ја почитувам религијата и сите луѓе што си живеат верски. Ама, се прашувам некогаш, дали црквата ме сака и мене, нас?
Си имам в кола, интимно, под воланот, мал крст. Господ ме чуват, годишно 50.000 километри по секакви патишта. Со икони господ ни го чуват домот. Носам црковен приврзок. Само не сум во тек со сите божествени детали. Се знајт: Божик, Велигден. Знам дека постојТ свети Владимир. Искрено, никогаш не сум го славел деноТ. Секој животен ден ми е слава….
Прво кратко да се вратам во 2008 година. Сопругата и јас имавме план да се венчаме и синот да го крстиме. Во исти ден, во истата црква. Ако е можно, ја прашавме скромно црквата. Едноставно како им одговара нив. Ако треба и со прекин, пауза. Ние бевме временски флексибилни. На пример наутро да се венчаме, а попладне да се крсти синот. Само што го предложив питомо планов (месец предвреме) главниот од таа црква нервозно кратко, јасно и театрално од скаличките избрзано ми одговори: ‘Ах, немат шанси, ќе требиТ да ја затвориме црквава за туристите.’
Многу се изнервирав. Одма помисли тој светец од господ на бизнис и туристи. А ние, исто деца од господ, крстени во Македонска православна црква бевме втора категорија. Добро тогаш, ние сами си направивме друг план.
После еден месец прво ние се венчавме во друга црква, мирна, далеку од „комерциајлните“. После тоа го крстивме синот тука кај што сакавме од почеток. Само што заврши церемонијата, ние мала група излегувавме од црква, истовремено случајни туристи и македонски викендаши ќе не прегазеа. Нула почит кон нас и тој вреден, незаборавен момент за нас.
Лето 2021, во друга охридска црква. Брачниот пар се мислеше долго време што и како да прават поради Ковид-процедурите. Законски беше дозволено некој број на присутни. И според сите три-дупло проверени прописи, имаше многу мал број луѓе в црква. Намерно под дозволениот број. Поважно, и во право се, тие пред господ да си речат: „Да“’. Во домот од господ.
Дојде денот. Убаво сончево, тивко, топло време. Весело чекавме надвор. Во меѓувреме дојде група туристи со водич. Несмасно ко мравки си тераа по свој пат, влегоа во црква, од каде во исто време излегуваше помала група. Фамилија со кума и кум, имаа крштевка. Изразот на лицето на мајката кажуваше се’. Ми се врати сликата од 2008. Барем да почекаа малку и да им дозволеа нормално да си излезе фамилијата со бебенцето. Ние требаше екстра да чекаме. Ко на автобуска. Прво туристите да си завршат важна работа.
Конечно почна религискиот обред. Прекрасно беше. Од почеток до крај. Благодарение на поповите. Се направија професионално. Ама на пола церемонија во ходникот завладеа галама со многу ехо. Почна како тивко далечно зуење, стануваше се посилно, вознемирувачки. Дедото, бабата, други наши блиски го свртеа вниманието. Процесот на венчавката малку по малку се нарушуваше. Брачниот пар појма немаше, тие светеа, уживаа.
Одеднаш видов сигурно дваесеттина туристи в ходник. Културно ги замолив со раце да го намалат малку тонот. Понатаму си продолживме со насмевки со традицијата. И после неколку минути гледам во позадина дека туристите влегле внатре кај нас. Со шорцеви, бели чорапи, испотени маици, ранци, шишиња вода, пуштени мобилни и пластични фалсификат летни наочари. Ама најбезобразно од се беше тоа што беа гласни и некултурни.
Директно отидов до водичот. Го замолив кратко на македонски: ‘Што е ова, ова е наш приватен собир, наш термин, ве молам тргнете се.’ Во меѓувреме туристите си сликаат, си се шетаат, ко ништо да не е.
Им се обратив на англиски на сите туристи: ‘Ве молам имајте почит кон брачниот пар, тоа е најважн. Ние максимално ги почитуваме сите Ковид-прописи на властите за однесување во затворен простор, се почитуваме, со дистанца, број на луѓе, за да нема гужви и контакти. А вие како овци се брутално прекршувате.’
Луѓето тогаш паметно се сетија. Водичот ја прифати веднаш пораката. Некако се извини. Се засрами. И без расправии се повлече цела група.
Кога заврши се, новата благословена двојка уживаше надвор. Но еден нељубезен господин, сигурно раководител, ми вика мене гласно што сум ги избркал туристите. Ајде разбери се. Еден совет од срце (со добра намера) до туристичкиот сектор и црквите: Јасно кажете, пред се заради нас, што е поважно, комерцијата или религиската работа. И не бидете лакоми. Крштевки и венчавки, драгите на господ треба секогаш да се на прво место!
Влатко Амстердам
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите