Граѓаните на Охрид во сабота 16-ти мај ќе имаат можност на отворена средба да се обратат со прашања сврзани со работата на локалната самоуправа до градоначалникот Петрески и општинските служби.
Приемниот ден на градоначалникот за граѓаните ќе започне во 9.00 часот, а заради ефикасно решавање на проблемите и прашањата на граѓаните, присутни ќе бидатсоветниците на градоначалникот и раководителите на Секторите и директорите на општинските јавни претпријатија, соопшти локалната самоуправа.