Деновиве како граѓани на Охрид, дали директно како родители на средношколци или индиректно од наши роднини, а секако и преку медиумите, не сме можеле а да не забележиме дека учениците од трета и четврта година од ОСУ “СВ. Климент Охридски“ повеќе од една недела (поточно од 07.04.2015 година) ја бојкотираат наставата. Учениците, од една страна со јасно искажаните барања за враќање на стариот концепт на државната матура од 2013 година и укинување на екстерното проверување, наспроти Министерството за образование , Државниот испитен центар и Бирото за развој на образование со друг концепт, друга замисла и други идеи во врска со истиот проблем. Истото ( што е и нормално) секој го толкува на свој начин, некој со поддршка на учениците , некој со поддршка на Министерството за образование, и останатите институции, некој со сосема трето мислење во врска со оваа проблематика , пак ќе кажам што е и нормално , нели различностите го движат светот. Еден факт никако не може и не смее да се занемари , а тоа е дека оваа ситуација не му одговара ниту на Министерството за образование и Државниот испитен центар , ниту на училиштата и наставниот кадар а најмалку на учениците и на нас родителите. Неспорен е фактот дека ваквата ситуација не може да трае до недоглед, се ближи крајот на учебната година, кога се во прашање матурантите – во тек треба да се подготовките за полагање на Државната матура и матурските испити поврзани со неа, следуваат уписите на Универзитетите ширум Република Македонија и во странство и дека мора да се изнајде решение кое што на некој начин ( условно кажано) ќе ги “задоволи“ двете страни. Но за да се дојде до решение мора да се води дијалог, без ниту една страна да ја игнорира другата, да се користи “ Силата на аргументи а не аргументите на сила“. Но за жал факт е дека дијалогот како најнормално средство за решавање на проблемот барем засега ( мислам на генерално ниво ) е најмалку присутен или да бидам поконкретен од страна на државните институции се се прави за да се избегне или да се води дијалог со онаа страна која на некој начин ќе им биде по мерка.
Во овој контекст , што е и повод да Ви го испратам овој допис е и Вашиот напис од 16.04.2015 година “ Продолжува бојкотот на наставата на охридските средношколци , училиштата предупредуваат на последиците.“, и информацијата од страна на директорот Звонко Трпески во врска со одржаниот состанок на ден 15.04.2015 година: Цит: “ помеѓу претседателите на класови ( за жал, заради некое недоразбирање имаше само тројца од вкупно шестнаесет) , дел од советот на родители , класните професори и раководителите“ зав. цитат, а како еден од присутните на состанокот како член на Советот на родители и како најдиректно засегнат заради тоа што сум родител на матурант, а и како член на Училишен Одбор на Училиштето со обврска да ги застапувам правата и интересите на учениците и родителите би сакал во интерес на целосно информирање на јавноста, а посебно родителите да изнесам неколку свои согледувања и ставови и да им го пренесам заклучокот од состанокот и на останатите родители кои што не беа присутни на состанокот а секако се и тоа како засегнати и чекаат разрешница на ваквата ситуација , што во информацијата која што ја пренесува директорот на училиштето не успеав да го прочитам. Јас и во текстот погоре ја изнесов констатацијата дека ваквата ситуација не му оди никому во прилог , а најмалку на учениците, и за да станат работите малку појасни дозволете да цитирам дел од информацијата : Цит:“ Со губењето на часови и нерелизираната наставна програма и содржина најмногу оди на штета на учениците , дека се соочуваме со недостиг на време, дека поради нереализираната настава нема да може да се одработи четвртата писмена работа и дека нема да може да се стави годишна оценка“ …… зав. цитат, така што , потполно се сложувам во врска со вака изнесените ставови на директорот Трпески меѓутоа сакам да наведам неколку акценти од состанокот во интерес на вистината, и секако заради подобрата информираност на родителите кои што дир. Трпески пропуштил да ги соопшти, или во дописот не се наведени а според мене се од суштинско значење.
Имено, кога се во прашање наставните планови и содржини и нивната реализација, поконкретно кога е четврта година во прашање , ставот на наставниот кадар , барем на оние кои што учествуваа во дискусијата по оваа проблематика беше дека презентацијата на наставните содржини веќе е завршена , меѓутоа не се реализирани завршните тестови а согласно тоа не се внесени годишните оценки на учениците. Во контекст на погоре наведеното на изнесен став од предметен наставник дека треба да се спроведе четвртата писмена работа по предметот математика , учениците кои што беа присутни на состанокот и во вакви специфични услови ????????????? искажаа подготвеност и спремност за разговор со останатите ученици истото да се презентира и писмената работа деновиве да се одржи , а секако и се друго што согласно наставните планови и содржини и согласано законската регулатива е неопходно,така што тие како ученици, ќе вложат максимум напори да се реализира. Кога се сака , и кога се има чувство за одговорност, кога до било која цел ве водат високи човечки, општествени и морални норми и вредности, искажаната волја од страна на учениците да се надмине барем дел ситуацијата и она што е во нивни домен, да се победи суетата за се може да се изнајде некое решение, па и во вакви услови, познавајќи ја оваа генерација ,ни малку не ме изненади. Морам да напоменам дека бев фасциниран од меѓусебниот однос, респект и релација професор-ученик, и нивната меѓусебна поврзаност која што може да се каже дека провејуваше на состанокот и со какво внимание и пиетет се следеа дискусиите на учениците и нивниот младешки ентузијазам, независно што за време на протестниот марш низ охридските улици професорите ги немаше, а учениците ги очекуваа но сепак четиригодишното дружење оставило неизбришлива трага и касј едните и кај другите.
Инаку и на состанокот беше потврдено дека генезата на проблемот започна со еден од низата на дописи од страна на Државниот испитен центар од 3.04.2015 година во врска со нови измени (на измените) на концепцијата на Државната матура од месец, февруари, а измените во месец февруари беа донесени како измени на концепцијата од месец декември.. Меѓутоа и овие измени од 3.04.2015 година не се последни во низата на измени и бројни импровизации, бидејќи на 9.04.2015 следат нови дополнувања и кој знае додека дојде време учениците да полагаат , не е исклучено да имаме уште некоја измена и надополнување. За жал претпоследната измена на концептот на полагање на државната матура која на учениците им беше презентирана на класен час на 06.04.2015 година со обврска веднаш на класниот час да се пополнат нови пријави за полагање со најновите измени и да се предадат кај помошник директорот. а доколку некој ученик не е тој ден присутен на училиште, телефонски да се контактира и во негово име да се пополни пријавата (замислете каква храброст и дрскост), дефинитивно ја прели чашата и ги натера учениците да ја прекинат наставата. Државниот испитен центар со последните инстант измени во концепцијата на полагање на Државната матура од 09.02.2015 и од 03.04.2015 и 9.04.2015 година предложени или подобро речено наметнати од страна на Државниот испитен центар без апсолутно никаква консултација на сите релевантни фактори и засегнати страни во самата методологијата на нивната изработка резултира со едни апсолутно дискриминирачки измени во концепцијата на Државната матура спрема одредена категорија на ученици прво со концептот на воведување на математиката како задолжителен предмет од Државната матура и потоа со последните измени за нејзино бришење за одредена категорија на ученици но во случајов и воведување на нова група на предмети, како и полагање на Државната матура т.е. полагање на еден предмет во неколку фази , дефинитивно предизвика конфузија кај сите инволвирани страни , а дефинитивно сум убеден дека предизвикаа конфузија и во сопствените редови, кај Државниот испитен центар. Да резимирам и за да биде попрегледно, хронолошки тоа изгледаше вака:
1. Во месец Декември – 2014 година од учениците беше побарано да пополнат пријава за полагање на одреден број и вид на предмети со соодветна методологија
2. Во месец февруари 9.02. 2015 година се надополнува постојниот концепт со нови измени, се исклучува математиката како задолжителен предмет освен за природно-математичките паралелки во гимназиите,
3. На 3,04.2015 се донесени нови измени во концепцијата со воведување на неколку нови предмети , со кои што одредени ученици од двете подрачја се директно најзасегнати,
4. На 9.04. 2015 се последните (засега) измени во Концепцијата на Државната матура, со воведувањето на уште еден предмет и сосема логично се наметнува прашањето дали за десет , дваесет или месец дена ќе има нови измени.
Ова беше единствена причина заради која нашите ученици се организираа преку социјалните мрежи ја прекинаа наставата и се солидаризираа со останатите ученици од другите училишта во Република Македонија и прогласија бојкот.
Заради досегашните проблеми со проектот наречен Екстерно проверување, од суштински, техничкии и административен карактер кој проект самиот за себе е контроверзен , на бојкотот се приклучија и учениците од трета година. Против проектот екстерно проверување од советот на родители се покренаа многу иницијативи, проект кој предизвика и уште предизвикува толку реакции кај бројни инволвирани страни од неговото отпочнување со примена до денес, но до денес без одговор од надлежните органи. Кога сме кај овој проект ќе го наведам искуството на нашата гимназија. Пред две години во училиштето имаше 19 ученици кој на едниот предмет од екстерното имаа оцена петка, на вториот предмет оцена единица, а имавме и двајца ученици кои што од предметните наставници беа упатени на полагање а на екстерното добија по истиот предмет оценка одличен 5. Имавме свидетелства со оцена единица што е преседан во нашиот воспитно-образовен систем , врз основа на фактот дека оценката единица не е преодна оценка, и единствен ваков случај во светот.
Од тие причини и јас како родител, како член на Советот на родители а и како член на Училишниот Одбор застанав со поддршка на барањата на учениците , бидејќи тие не бараат ништо нелегитимно и ништо невозможно ништо неосновано и ништо апсурдно,заради што добија поддршка од Народниот правобранител г-нот Иџет Мемети и од Детската амбасада Меѓаши, протестираат мирно и достоинствено онака како што изгледа и цела генерација матуранти. Сепак за да истраат во своите барања должен сум да пренесам еден апел од состанокот од останатите родители за редовно присуство за време на бојкотот на наставата во училиштето на сите ученици како би се товарот од ваквата ситуација рамноправно распоредил. Ученици мора да сфатите дека еден дел од учениците кои што застанаа зад Вас и ја бојкотираат наставата тоа го прават заради чувството на одговорност , спрема Вас и идните генерации. Кога тие бојкотираат и седат на ладниот мермер, а вие си спиете дома сфатете дека тоа го прават за вас , за тебе. Мислам дека треба добро да размислите за ова.
Мислам дека после јасно искажаната поддршка на состнокот од страна на речиси сите присутни,( бидејќи од речиси четириесетина присутни само двајца беа со поделени ставови) како што би требало да стои во записникот ( а не како што искажа дир. Трпески дека ставовите биле поделени) дека ќе биде најдобро и раководството на училиштето да застане зад барањата на учениците, а не да се изнесуваат ставови дека се срамат од оваа генерација, дека се невоспитани , дека се нарушил угледот и реномето на гимназијата ит.н. И повеќе од очигледно е дека еден дел професори кои што и предаваат на оваа генерација само една година ( со чест на одредени исклучоци – и едните и другите ќе се препознаат) неуспеале да ја запознаат доволно, или толкав им бил капацитеот. За тие кои што не успеале да ја запознаат подобро, ќе се потрудам да им појаснам дека се работи за една прекрасна генерација која што по многу нешта ќе се памети, генерација со која што училиштето неколку години беше препознатливо во мнугу области, генерација со која можат да се гордеат и родителите, генерација во која што има неколку државни прваци на Република Македонија по математика , англиски јазик, германски јазик носители на меѓународни награди, талентирани ученици стипендисти на министерство за образование и наука, бројни талентирани атлетичари, кајакари, пливачи и сл. една талентирана генерација која што дословно го чуваше и презентираше Св. Климентовиот завет оставен пред многу поколенија. Генерација која што во многу нешта постави и мислам дека ќе постави тешко достапни високи стандарди , како предизвик за идните генерации. Генерација во која што неколку ученици веќе се примени на најреномираните Универзитети во Англија , Германија и останатите западноевропски земји Генерација која на еден себе си препознатлив начин чекореше низ улиците на Охрид чекорејќи ги своите последни средношколски денови но не како матуранти туку овој пат во знак на протест , во знак на револт и обезбедување на посветла иднина за себе и идните генерации. Мислам дека не заслужија на ваков начин да го напуштат училиштето. Г-не Трпески Вашето место е меѓу нив, мислам дека е крајно време да го направите тоа.
Ви благодарам на отстапениот простор.
Со почит,
Домазетоски Рајко
Член на Совет на родители и член на Училишен одбор
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.