Странските и домашни гости кои престојуваа во Охрид за 1 Мај ја отворија сезоната на капење во Охридскто Езеро. На сликава е турист од Словенија кој собра храброст (нормално по добро загревање) да се искапи во студената вода ни повеќе ни помалку туку на изворот на реката Дрим во Свети Наум.
На изворот на Дрим како што раскажуваат кајчарите водата секогаш е 12 степени. Не веруваме дека беше потопла нити кога ја правевме фотографијава. Внатре ладно, надвор дожд, па сепак на храбриот Словенец тоа не му сметаше.
Господинот се вика Антон Левстек. По капењето доби аплауз од присутните на чинот, а голем дел од нив беа и вчудоневидени. Антон вели дека водата била пријатна, но откако се облече призна дека попријатно и потопло било надвор.
Антон и неговата група беа дел од околу 2000 странски гости кои престојуваа во Охрид за првомајските празници. Тоа спред туристичките работници е добра најава за главната туристичка сезона во која тие очекуваат рекорден број странски гости да го посетат Охрид.
Г. Момироски