Иако времето сеуште е променливо сезоната на капење во Охридското Езеро е отворена. Викендов на охридските  плажи можеа да се забележат првите капачи. Повеќето се сунчаа, но имаше и такви кои ја пробаа јунската вода.


Првите капачи ги запоседнаа охридските плажи


За охриѓани не е невообичаено рано да ја отвараат сезоната на капење. Но, чести капачи во овој период се и екскурзијантите. Неретко тие се решаваат да се се освежат во езерските води после прошетка по топлото сонце. Тоа според повозрасните охриѓани, е доста опасно затоа што водата во езерото сеуште е ладна и при нагло влегување во неа загреан може да предизвика грч на мускулите, што е многу опасно. Затоа велат тие, и оние најхрабрите треба да внимаваат кога и како влегуваат во вода.

Ohridnews
фото: Мирко Постоловски