За првпат во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ отворена е сензорна соба. Станува збор за посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот.

Преку опуштена и релаксирана интервенција децата го учат најважното – „Учат како се учи“. Исто така децата со потешкотии во интеграцијата во сензорната соба истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Сензорната соба е реализирана во соработка со охридската општествено одговорна компанија „АСП ПАК“.

Дополнително во објектот „Развигорче“ согласно нашата програма за работа имаме предвидено уште неколку проекти кои ќе ги реализираме во наредниот период, додава Пецаков.

OhridNews