Комисијата за денационализација на имотите за општините Охрид и Ресен која работи „под капата“ на Министерството за финансии, утре ќе одржи работна седница во Охрид.
Седницата ќе биде отворена за јавноста и ќе се одржи во малата сала во зградата на Општината со почеток во 11 ч.
До истекот на крајниот рок поставен од владата, 30 јуни, Општинската комисија за денационализација во Охрид треба да реши над 500 барања за враќање на имот. До овој момент таа има решено само 48% од предметите, но од комисијата оптимистички најавуват дека до зададениот рок ќе се решат сите предмети.
Како што информираше неодмна претседателот на Општинската комисија за денационализација во Охрид, Славко Лазовски, постојат повеќе сложени предмети кои го кочат процесот на денационализација. Тој како најсложени ги посочи враќањето на имотите во сегашните автокампови „Градиште“ и „Елешец“, Детската болница, како и зелените појаси во централното градско подрачје и површините на „Градинар“.
Г. Момироски