Таче, на Мечкин Камен ќе се каче!
Мицка, во Ташмаруништа ќе грицка!
Додека, пак, неговиот свеж пријател (демек, истомисленик) Стево, ќе ни кажува дека е на Водно, а, тој, всушност, во Свети Прохор Пчински!
Стево, твој и мој Бранко, одигра симултанка!
“Сеа, шу прајме со Пелинце”? Ќе го нишкаме и натаму мртво родентото дете, или, ќе го упокоиме, како што е по редот и законот?
За помладите, малку историја. Кога српските попови, во деведесеттите на минатиот век, ни забранија да го славиме раѓањето на Републиката во Свети Прохор Пчински, многумина “патриоти” со црвенило на градите, стекнаа слава и функции, силејќи се, со своето борбено присуство, пред манастирот. Главно од македонската десница, попрецизно од ВМРО ДПМНЕ.
Меѓу народот, се протна и по некој новинар. Ние во македонската редакција на Танјуг (за помладите: новинска агенција на тогашната југословенска заедница), на Прохор Пчински го специјализиравме Мартина Тренески. Мартин, или Митре – кој како милува, вешто ја искористи укажаната прилика, се адаптира во средината, подоцна (како Македонец, а не како новинар – изјава на тогашниот директор, Михајло Шаранoвиќ), го испративме во Австралија. A, кога се врати, веќе како министер, го прошета тогашниот премиер, Клуската мегу Македонците и Абориџините на петтиот континет.
Оттука наваму свежи се сеќавањата за дипломатот, неговата екселенција, амбасадорот Треневски.
“Минаха години”, ете ме и мене во владините одаи, после победата на СДСМ во 2002 година. Прохор Пчински, и натаму, за нас недостапен. Што да се прави, што да се чини? На Шефот, му севна идејата, “из ината” на српските попови и националисти, да им изгради “нов и уште постар” манастир, во ликот на Потемкиновото село – Пелинце!
Единствениот критериум беше голата ливада, на која ќе се пишува новата и уште постара историја, да биде што поблиску до манастирот, за Србите да пукнат од мака. Таа историска мисија му ја довери на тогашниот културен министер Благоја Стефаноски, Баге-кобајаге, ама за мртвите се најдобро!
Нејсе, отидоа во неповрат барем десетина милиони евра. Нешто се вгради, нешто се испра, а тогашната министерка “за понадвор”, франкофонката Илинка Мигтрева, индиректно, преку сопругот – ликовен уметник (за витражите, односно “иконописот на новиот и уште постар манастир!”), се офајди, со неколку стотини илјади евра. Според тврдењето на тогашниот чувар на државната каса, 300.000 евриња!
Каков што ме дал Господ “ваа направија” ја обнародив. И ден денес, преку инсталациите и рестловите на Митрева, влечам “сол на рана”!
Ја повикувам министерката за култура, да го симне фереџето (скафандерот) и да провери, зошто лани за Балканскиот поетски камп “Ванчо Николески”, бевме одбиени (после 2 годишна поддршка) со образложение: “манифестацијата не е традиционална (!)”, а годинава: “апликацијата е испратена на погрешен образец!”.
Дури и пари враќаме назад. Внатрешната инспекција, не тврди дека проектот не е успешно реализиран, ама, нашла рачка – документите за оправдание на средствата не се соодветни. Е, сега, не можеме топтан “сите 25.000 денари”, ама колку дава пензијатa: месец – 2.000, месец – 3.000, се додека ја исплатиме и последната рата – сета вода испиена од државна чешма!
Дури и Стево “ПреЦедателот” ( извини друже – господоине Паљурски!), со писмо не охрабри и забелешка им стави, ама, од дикат не го објавивме. Дури и Црвена Вода ни дојде, не охрабри и не праша: “како е можно, досега друг претседател да не стапне на местото каде е рагања македонската државност, писменост, култура… и сите други белези?
Е, можно е Претседателе! Можо е, дури и наш “автохтон!” човек – ПреЦедател, од тука од наша Дебрца, од македонскиот Кумровец (Слатино) да не дојде, да не види, да не знае, дека не му треба нов манастир на Пелинце, кога си го има во Црвена Вода! Јас тоа, иако тогаш бев до него, со соседни кабинети во Коцкестата (денес Шампитата!) не успеав да го спречам. Како што не успеав и сите овие посвежи години да ги убедам главешините во “една строга и чиста македонска песна”: ако веќе не можеме да славиме во Свети Прохор, каде се роди државата, зошто да не славиме во Црвена Вода, каде е зачната!?
“Е, сеа што правиме Бранко”? Стево, нит останува на Водно, нит оди во Пелинце, туку ќе оди на манастир! Стево ни одигра симултанка! Стево е во право, барем по три основи. Не сум толку наивен да не верувам, оти Вучиќ (балканскиот ПР мајстор!), не си ја врти водата на својата воденица, ама Стево треба да оди.
Прво, за никогаш повеќe да не се оди во Потемкиновото село-Пелинце!
Второ, за да видат Бугарите дека нивната политика кон Македонија и Македонците е дибидус шизофрена.
Трето, затоа што веќе беше во Црвена Вода, виде во која одаја, во мојата родна куќа, седел Пертре Пирузе, а во која куќа е издаден првиот печатен документ на македонски јазик – Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.
Во која одаја е составен Иницијативниот одбор за АСНОМ, избрани се делегатите, напишани се документите, подоцна усвоени во Манастирот.
Црвена Вода, е и црква и манастир, и училиште и воена команда и зачеток на НАТО (британска мисија при Главниот штаб) и “се и в сја “ за оваа држава. Кој тоа не го знае, или не сака да го прифати, СКАПО ЌЕ ГО ПЛАЌА!
КАКО ШТО И ГО ПЛАЌАМЕ!
Веле Митаноски
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.